Борусија Дортмунд се обидува да ги засили своите редови и со тоа да создаде подобар, поконкурентен тим за натпреварувачката 2023/2024 во која одново ќе се обиде да ја прекине доминацијата на Баерн Минхен во Бундеслигата.
Токму од редовите на „баварците“ ќе дојде новото засилување, а неговото име е Марсел Сабицер. Австрискиот репрезентативец настапуваше за Манчестер Јунајтед во изминатиов период, но премиерлигашот реши да не го откупи договорот што значеше дека Сабицер и Баерн ќе мора да бараат друго решение затоа што играчот не беше во плановите на тренерот Томас Тухел.
Тој се сели во Дортмунд за сума од околу 19 милиони евра. Марсел е искусен играч кој долго време настапува во Германија, па со своето искуство, знаење, квалитет може да биде топ засилување за „милионерите“ ако се врати во својата најдобра форма.
Се очекува договорот да биде официјализира, потпишан во текот на оваа седмица ако се биде како што треба.