Познати 20 учесници на ЕУРО 2020, остануваат уште четири места

0

По завршување на последното коло од квалификациите за Европското фудбалско првенство, познати се 20 учесници кои ќе настапат на завршницата на континенталното натпреварување.

На ЕУРО 2020 досега учество изборија: Белгија, Италија, Русија, Полска, Украина, Шпанија, Турција, Франција, Англија, Чешка, Финска, Шведска, Хрватска, Германија, Холандија, Австрија, Португалија, Данска, Швајцарија и Велс.

Уште четири учесници на ЕП ќе се пласираат преку Лигата на нации на пролет идната година. Меѓу кандидатите е и македонската репрезентација која во полуфиналето од четвртата група ќе игра со косовската селекција.

Европското првенство ќе се одржи во 12 града ширум континентот од 12 јуни до 12 јули 2020 година.