По драматичната победа на Украина над Шведска (2:1), познати се сите четврт-финални двојки на Европското првенство. Натпреварите ќе се одиграат на 2 и 3 јули.
Четврт-финалната фаза ќе ја отворат Швајцарија и Шпанија во Санкт Петербург од 18 часот.
Три часа подоцна, својот дуел во Минхен ќе го започнат селекциите на Италија и Белгија.
Ден подоцна, на Олимпискиот стадион во Баку од 18 часот ќе играат Чешка и Данска, а во 21 часот својот меч во Рим ќе го започнат Англија и Украина.
Полуфиналните натпревари се играат на 6 и 7 јули, а финалето е на 11 јули. Завршните мечеви ќе се играат на Вембли во Лондон.