9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Познати повеќе детали за камерите на Huawei P50 Pro

Најчитани вести

Се очекува дека Huawei својата P50 серија телефони ќе ја претстави на 29. јули, а еден од тизер видеата ги откри главните карактеристики на системот на камери кај P50 Pro моделот. Натписот покрај камерата е VARIO-SUMMILUX-H1:1.8-3.4/18-125ASPH, што се поклопива со отворот за бленда и фокусна далечина кај P40 Pro и Mate 40 Pro телефоните.

Тоа значи дека Huawei P50 Pro ќе има телефото камера со 5x зумирање, додека ултраширокоаголната камера ќе има 18 мм еквивалент.

Споменатите броеви и ознаки откриваат информации само за блендата и фокусната далечина, но не ни нудат повеќе податоци за сензорите на камери. Исто така, нема детали за средната камера, која е главна и сигурно најинтересна во овој систем.

Претходно дојавувачите тврдеа дека стандардниот Huawei P50 ќе има ултраширок објектив на 13мм еквивалент, додека телефото објкетивот ќе нуди 3.5x зумирање. Дали е ова точно, ќе дознаеме веќе следната недела.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести