23.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Познати и деталите: Нејмар потпишува петгодишен договор со Барса, за двојно помала плата од ПСЖ

Најчитани вести

Бразилецот Нејмар, по две сезони, се поизвесно се враќа повторно во Барселона. Нејмар го напушти каталонскиот клуб летото 2017 година кога одлучи да се ја прифати понудата на ПСЖ. Парижаните тогаш ја активираа откупната клаузула од неверојатни 222 милиони евра, а Нејмар без многу размислување ја прифати понудата.

Но, планот на Нејмар да доминира со ПСЖ во Европа и да биде најдобар светски фудбалер не успеа. Па, по крајот на оваа сезона јасна беше неговата желба да се врати во Барса.

Иако не го напушти каталонскиот клуб на најдобар начин, наводно дури се согласил и да се извини за своето однесување пред навивачите и да ја повлече тужбата за клубот во која бара 26 милиони евра.

Каталонски „Спорт“ денеска на својата насловна страна објави дека Барселона и Нејмар веќе се договориле за трансферот. Покрај сите овие детали на кои се согласил, наводно веќе се знае дека Бразилецот ќе потпише и петгодишен договор.

Исто така, во Барселона ќе има и двојно помала плата од моменталната заработка во ПСЖ, но порача дека парите не му се важни затоа што сака да се врати во клубот во кој беше среќен.
„Спорт“ дополнува дека откако се е договорено меѓу Барселона и Нејмар, сега следи најважното – договор околу отштетата со ПСЖ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести