Една од најпопуларните пејачки и раперки во регионот веќе втор пат за краток период има здравствени проблеми.
Сенидах Хајдарпашиќ, позната како Сенидах, вчера на инстаграм-стори сподели дека завршила во болница.
Таа објави фотографија од кола за брза помош и сподели дека деновиве настапувала трпејќи болки.

Таа открила дека била принудена да одложи некои настапи и се извини на својата верна публика.