27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Позади, понатаму од…

Најчитани вести

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.Почитувани, темата за која сакам да го изнесам својот став го наметнува/оправдува називот на написот, а се однесува на актуелните политички збиднувања околу преговорите со Бугарија за нашиот влез во ЕУ и се друго поврзано со таа тема. Ама пред да прејдам на темата ќе го објаснам мојот став зошто се определив на насловот. Проблемите можетете да ги гледате од птичја или жабја перспектива односно од висина или приземно. Приземно погледот/перцепцијата е ограничена како по ширина така и во далечина. За разлика од висина перцепцијата овоможува да се видат предметите кои се наоѓаат подалеку и пошироко, позади или понатаму.

Мојот впечаток е дека сето она што го слушам или читам кај нас за проблемот околу ветото на Бугарија за нашиот влез во ЕУ е многу приземно, ниско. Ниту политичарите ниту другите учесници во јавноста не излегуваат барем на балконот за да ги видат работите појасно, како што би рекол професорот Роџер Фишер од Харвардскиот проект за преговарање. Примери за ниската провидна политика има колку да посакате. Да споменеме нешто актуелно. Професорот од Правниот факултет во Скопје, задолжен за евроиинтеграциите во Владата, пред крајот конечно се присети дека досега транспарентноста не била на потребното ниво и понатаму за се ќе информирале. Оние што ја знаат подобро од мене проблематиката за преговарање би му одговориле дека сте задоцниле, не заради тајмингот, туку сте пропуштиле да соберете идеи за да подготвите најдобра алтернатива со која ќе се спротивствите на алтернативите на другата страна која за тоа имаше подговено своја алтернатива.

Тоа во преговарањето за интересите, каков што е проблемот со Бугарија, е нормална работа. А што направи претседателот Макрон? Виде дека споменатиот, заедно со министерот за надвортешни работи – инаку одличен хирург, ама провиден политичар и дипломат, дека тимовите немаат подготвено најдобра алтернатива и затоа Макрон си го кажа своето во документот, кој не заболе и во душата и срцето, а змии и гуштери, намеесто пеперутки, се беа вгнездиле во нашата утроба.

Сето тоа предизвика божемно психолошко напрегање на премиерот и лекот го најде во повраќањето на содржината од неговиот желудник. Оние од ЕУ, со кого беше договорена неговата улога тоа го протолкуваа со божемно неочекувано изненадување!

Втората приземна работа која била видлива со „голо око“ била идејата дека ако овој предлогот на претседателот Макрон биде одбиен, наредниот од кого било што ќе дојде ќе бил полош. Тоа е последица на сериозното слепило на овие одродени Македонци кое се изразува во добро наполнетите џебови од некој кој е заинтересиран проблемот да се реши како што тој посакува и за тоа сериозно плаќа. Сетете се на милионите евра од МНР на Грција кои завршија во џебовите на нашите одродени предавници дирекно или индирекно поврзани со преговорите за името. Од преговарање тие имаат врска колку што јас знам како се прави атомска бомба. Така тие си остануваат одродени од своето племе одработувајќи за туѓи интереси на соседите.

Има и поинакви погледи за предлогот на претседателот Макрон, како што е оној на некои дипломати кои баш и не го гледаат тој предлог со ведрина, туку изразуваат негативни емоции и затоа се залагаат за поголемо ангажирање на САД, особено толкувајќи ја изјавата на портпаролот на Стеј депаретрманот. Тие резонираат дека ангажирањето на САД би довело до побрзо решение отколку ангажирањето на кој било друг.

И јас така размислувам. Но, немој после да излезе како со Преспанскиот договор во кој Грција доби се што бараше, а Македонија доби ново име и променет идентитет кој полека се одомаќинува на меѓународната поилитичка сцена. Значи да бараш нешто, а да не претпоставуваш што и колку од тоа што го бараш ќе го добиеш е крајно нерационално или лудо „радовање“. Може да ја добиеме ЕУ, ама идентитетот конечно може да го изгубиме и наместо „северномакедонски “ да се трансформира во бугарски. А тоа се случува, кога бараш помош од друг, а ти не си способен и не знаеш како да се справиш со проблемот каков што беше случајот со Преспанскиот договор. Дали така ние на јавна сцена не ја покажуваме нашата (не)способност да имаме држава?

И конечно последниве денови го добивме новиот француски предлог, кој Макрон го претставуваше како компромисен. Меѓутоа тој предлог е „сшти како исти“ со претходниот, како што не би го оцениле Заев, Георгиевски, Бучковски и други нивни следбеници со бугарска свест и идентитет, а Македонци заради лични нивни финансиски потреби. Иако е со иста свест и идентитет, последниот министер за надворешни работи Димитров е голем критизер на последниот предлог на Франција. Тоа е негова освета заради тоа што новата влада не го прифати во нивното ново диво јато, неизбрано од народот.

Долго размислував дали предлогот од Макрон е компромис?

И дојдов до заклучок дека предлогот не е компромис, во суштина. Туку тој е согласност на Ковачевски, Османи и Маричиќ, кои не знаат што е компромис. Ако се имаат предвид барањата на овие тројца и на Бугарија јасно е дека нашите барања освен што ни се дозволува отпочнување на преговорите со ЕУ, друго ништо не се прифаќа, наспротив барањата на другата страна чии барања ама баш сите се прифатени. Голем дел од нив одат кон промена и натамошно обезличување на нас Македонците со согласност на споменатите тројца политичари од неандерталска ера. Нели нам ни најавуваат комуницирање со овој, оној и други, ама нема тоа да се случи. Веднаш потоа бараат она што тие го договориле Владата да го прифати и да почнеле преговорите. Така тие сакаат самите да јават врз нашата судбина. Ќе го елиминираат Собранието и референдумот. Само тие олицетворени како Влада на соседна Бугарија во Македонија ќе носеле одлука за почеток на преговорите.

А сега да го видеме подетално концептот кој ни се наметнува со овој предлог на Макрон. Тој е многу сличен, дури истоветен со концептот по кој се преговараше со Грција за името. Но, во двата случаи се применува надвор од суштината на концептот и се карактеризира како сериозно условување со живот или смрт. Се до појавата на овој концепт постоеше еден и единствен концепт дека за идентитетот не се преговара. Новиот концепт на Даниел Шапиро, од Програмот за преговарање на Харвард, го воведува релацискиот идентитет или променливост во дел од срцето на идентитетот, како модел за преговарање за интереси. Токму таков беше случајот со преговарањето за името, а сега ни се подметнува и за нашиот пристап кон ЕУ, во кој се вградуваат сите барања на другата страна, а нашите се занемарени. Отаму се поставува прашањето зошто нашиот Харвардовец не ја знае суштината на концептот, а се фали имал некакво дообразување на Харвард. За мене тука се крие нешто големо и лично ветување за нашиот премер.

Еве ја катастрофата од исходот со Грција која продолжува доследно и со Бугарија. Шапиро и Фишер тој концепт на преговарање за интересите, во нашиот случај идентитетот, го дефинираат со следниве пет елемента: изразете оценка или разбирање за другата страна; изградете поврзување (здружување); респект на автономијата; обострано признавање (потврдување) на статусот и избор на една исполнета улога и активностите во неа. Немам намера подетално да навлегувам во објаснувањето на оваа структура на сите елементи на интересот, бидејќи, почитувани читатели, веќе и самите можете да го оценете консензусот на Макрон, кој нашите овластени веќе го прифатиле.

Ама не можам да прескокнам, а да не оценам дека овој концепт кој како што споменавме почива на пет елементи е основа за добрососедските односи. Видовте ли почитувани таков однос на Бугарија кон нас? Јас не! А зошто нема такви односи од страна на Бугарија разбрав и од објаснувањето на поимот од премиерот Ковачевски по разговорите со Мицкоски. Сега ми е јасно дека тој нема поим од горниот концепт на Шапиро и Фишер за добрососедски односи. Ако се има предвид предлогот на Макрон, не е потребна таква подетална анализа, не гледам потпора на концептот.

Само би споменал некои општи оценки за разбирањето на концептот во преговарањето со Бугарија. Јасно е дека нашата потреба за влез во ЕУ е израз на потребата да изградиме здружување или приклучување кон оваа асоцијација. Но, јас и во последниот мој напис напоменав дека ние имаме оценка за разбирање на потребата на другата страна, меѓутоа возврантно нема такво разбирање за нашите потреби, туку следува уцена. Ние го признаваме статусот на Бугарија како членка на ЕУ и нејзината сопствена автономија, а од другата страна нема таков однос или признавање кон нас – дали тоа не значи потврдување и признавање на правото на неизживеаните соништа на Бугарија дека Македонија е бугарска?

И што е уште полошо, овие недобронамерни барања од Бугарија се поддржани од ЕУ.

Не ни се признава и статусот како држава на македонскиот народ. А каква улога во преговарањето имале нашите министри преговарачи ако не е тоа омраза кон македонскиот народ и немале поим што се добрососедски односи, како што дефинираат споменатите професори од Харвард.

За Османи, кој со наши пари патува по светот, да ги брани интересите на Косово и Албанија е разбирлива улогата која ја игра. Ама улогата на Маричиќ веројатно е наследена од човекождерот-канибал Заев, кој за своите лични материјални интереси ги продаваше интересите на македонскиот народ, насладувајќи се со јадење живи луѓе.

Оваа моја оценка останува, бидејќи во меѓувреме го ислушав и ставот на нашиот „татко“ од вилата на Водно. Неговото излагање сериозно отстапува од концептот кој јас го споменав. Се пофали дека консултирал експерти. Јас не ги знам, а можеби и ги знам посредно, но не и директно. Тие очигледно немаат поим од преговарање, а имаат и сериозен недостиг на политичко знаење. Ако дел од нив се оние кои присуствуваа на Советот за безбедност, тогаш сум убеден дека немаат знаење за потребите кои ги барал претседателот.

Почитувани, не само што предлогот на Макрон не е компромис ниту е добар, туку е крајно неповолен за нас Македонците. А добрососедските односи се сведуваат на диктат на тоа што Бугарија го бара грубо и надвор од концептот кој јас го споменав. Ама ова не е моја оценка, туку оценка која се базира на споменатите автори на Харвардскиот проект за преговарање. Значи јас ако трае комуникацијата со граѓаните на овој начин за овој предлог јавно изјавувам дека француски предлог кој целосно ги содржи бугарските барања се сведени на диктат, а нашите ги заборава и затоа не смее да се прифати под ниту какви било закани.

А одговорот што потоа, ако ЕУ ни каже сега сте во чекалница со непредвидлив рок на отварање нови преговори, тогаш нам ни остануваат две алтернативи: или да побараме ново здружување или туѓо знаење и да си ги средиме работите во државата според сите граѓански и демократски норми, за што досега во државата не се најде јунак. Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис. Нашиот претседател и тука според мене не беше на ниво на задачата која јас ја очекував и изјави дека ако не го прифатиме предлогот и останеме во чекалната ќе ни се иселувале младите. Се прашувам зошто овој наш татко не размислува како што јас споменав: ние немаме доволно знаење и ни треба од оние кои имаат такво.

Ќе завршиме со одговор на поентата од насловот. Преговарањето на споменатите наши двајца министри и премиерот не се одвива приземно, туку тие се затрупани под земја. Ама незнаат како да излезат, а не е можно ниту да очекуваме дека ќе се качат на балконот за разлика од концептот кој тука го споменав, а нешто и во претходниот напис нагласив околу преговарањето за границата меѓу Еквадор и Перу во кои доминираа добрососедските односи.

М-р Ѓорѓи Трипков, економист-аналитичар, пензионер

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com