Home » Пожар што беснее во Бугарија му се заканува на турски Одрин

Пожар што беснее во Бугарија му се заканува на турски Одрин

by Журнал.мк

Шумски пожар во Бугарија се доближува до села во турскиот округ Одрин (Едрене), а огнените јазици на моменти достигнуваат застрашувачки размери, поттикнати од ветрот во регионот, соопшти турската приватна телевизија НТВ.

Пожарот може да се види од селата близу границата во регионот на турскиот град Лалапаша.

Засега пожарот сè уште не се проширил на турската страна, благодарение на реката Тунџа.

Сепак, постои загриженост дека доколу ветрот се засили, пламените јазици ќе стигнат до Одринско, посочува НТВ.

Турските власти информираа дека противпожарната служба е подготвена да дејствува, во случај да дојде до лоши сценарија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk