Пожар го зафати комплексот на езерото Треска, во скопската општина Сарај а пожарникарите биле спречени да влезат. Интервенирале на повик но кога пристигнале капијата била затворена, при што побарале полициска асистенција за да го скршат катанецот на капијата.
„Во 17:15 е пријавен пожар на езеро Треска на површина од околу 3,000 квадрати зафатена од нискостеблеста шума и ѓубриште.
Интервенирано е со 2 ПП возила и 5 пожарникари и пожарот е локализиран.
Но при нашата интервенција наидовме со проблем. Капијата на езерото беше заклучена и не можевме да влеземе да интервенираме, побаравме асистенција од полиција но на лице место дојде Директорот на самиот комплекс езеро Треска и ја отвори капијата.
Но беше загубено време за брза интервенција поради затворената капија повеќе од 20-30 минути, изјави командантот на противпожарната бригада – Скопје Владимир Симоновски.