Пожар избувна пладнево во внатрешноста на хотел во Атина, веројатно на последните два ката
Според грчката државна телевизија ЕРТ, две лица кои биле на шестиот и седмиот кат биле евакуирани, а продолжува акцијата на пожарникарите, како за проверка на собите, така и за гаснење на пожарот.
Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека се ангажирани 35 пожарникари со 12 возила.