Се запали галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ во строгиот центар во Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје информираа дека се интервенирало со 12 пожарникари со три противпожарни возила. Повредени нема, а причинета е помала материјална штета. Се работи на расветлување на причините за пожарот.
Инаку не е првпат да избувне пожар во позната галија наречена „Среќа“. Галијата беше опожарена и во март годинава.
Во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов оваа галија почна да се урива. По доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска уривањето беше прекинато.