Над 2.000 пожарникари се борат со серија шумски пожари во Португалија. Од Цивилната заштита објавија дека на терен се над 700 противпожарни возила и најмалку 14 авиони со носачи за вода. Земјата веќе неколку дена се соочува со екстремни горештини.
Над 1.400 луѓе се евакуирани. Изобилните дождови пак што ја погодија јужна Скандинавија предизвикаа поплави на патиштата и прекин на сообраќајот на траектите.
Шведските и норвешките метеоролози издадоа црвени предупредувања за големо невреме во текот на наредните денови.