Home » Пожари во Грција и Хрватска

Пожари во Грција и Хрватска

by Журнал.мк

Пожар на хрватскиот остров Чиово. 145 пожарникари и 45 возила активно го обезбедуваа опожарениот простор со што спречиле негово ширење кон објектите. Операциите беа отежнати од силниот ветер. Експлозија во складиште за муниција крај воено-воздухопловна база во Неа Агајос во близина Волос, Грција.

Населението се евакуира по копнен и морски пат. Последиците од пожарот на главните туристички локации се сериозни – оценуваат угостителите. На Родос е уништена една десетина од територијата. Хотелите се справуваат со прекин на снабдувањето со електрична енергија и масовно откажување на резервации. За да ги премислат скептичните туристи, им нудат поголеми попусти на аранжманите. Лани на Родос дошле половина милион туристи. Локалните жителите годинава не очекуваат вакви бројки.

„Подобро е да имаат попуст од 10, 15, 20% на резервациите отсега до 31 август, отколку да ја загубиме целата сезона“, изјави Никос Димитрулис – менаџер на хотел.

„Разгледуваме наоколу за да видиме дали некаде има чад, проверуваме да не има некакво хаотично движење на рецепција, но засега ништо, сè изгледа нормално“, рече Петра Петрикова – туристка од Чешка.

„Проблем е што откажуваат за идниот месец и септември“, додаде Панајотис Токузис – претседател на грчката конфедерација на претпријатија за сместување.

„Им нудиме флексибилност на оние кои сакаат нова резервација или рефундирање на средствара, или ако бараат алтернатива“, изјави Киријакос Сарикас – маркетинг менаџер на хотелско здружение.

Туризмот учествува со една петтина во економијата на Грција. Владата во Атина ветува реформи за да се спречат сериозните негативни последици.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More