10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Пожарите во Грција не стивнуваат, граѓаните бегаат од своите домови

Најчитани вести

Илјадници луѓе ноќеска избегаа од своите домови во северниот дел на Атина откако пожарите се доближија до неколку предградија. Пожарникарите веќе четири дена вложуваат надчовечки напори да се справат со огнените јазици. Засега огнената стихија неможе да се стави под контрола. Огнот е пред населени делови, електрични инсталации и историски локалитети.

На островот Евија, кој е зафатен најмногу од оваа елементарна непогода, властите организираа голема операција за евакуација на повеќе од 600 луѓе со патролни и приватни бродови.

Во услови кога жешкиот бран не попушта, пожарот голта шумски области 20 километри северно од Атина, уништувајќи уште домови. Неколкумина пожарникари и волонтери се примени во болница со изгореници.
-Поминуваме низ десеттиот ден на голем жежок бран, кој ја погоди целата земја, изјави генералот на противпожарната служба на Атина, Аристотелис Пападопулос.
Речиси 60 села и населени места се евакуирани вчера и утрово низ јужна Грција, при што се очекува временските прилики да се влошат, бидејќи во поголемиот дел од земјата се најавуваат силни ветрови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com