13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Пожарите во Амазонија не се под контрола- Болсонаро ја одби помошта од Г7

Најчитани вести

Бразилското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека пожарите во Амазонија, кои траат 17 дена, се уште не се ставени под контрола.

Во меѓувреме се огласи и Кабинетот на претседателот Жаир Болсонаро, кој соопшти дека тој најверојкатно ќе го посети регионот Амазонија кон крајот на неделава.

Како што е наведено, Чиле и Еквадор понудија помош во авиони за гасење на пожарот.

Бразилската сојузна агенција соопшти дека ќе ги истражи наводите дека фармери во бразилската држава Пара на 10 август, кога избувнаа пожарите, повикале на „Ден на пожарите“.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ја отфрли помошта на лидерите на Г7 за борба против пожарите во Амазонија, нарекувајќи ја колонијалистички чин.

Болсонаро вчера изјави дека спогодбата на Г7 за борба против пожарите во Амазонија овој регион го третира како колонија.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно објави дека Г7 се согласила да издвои 20 милиони долари за борба против пожарите, како и за долгорочната иницијатива за заштита на прашумата, пренесоа американските медиуми.

Макрон вчера, меѓу другото, го обвини Болсонаро за пожарите во Амазонија и повтори дека лаже во врска со промената на неговата политика кон климатските промени и сечата на шумата.Болсонаро потоа кажа дека смешните и непотребни напади на Макрон за Амазонија се неприфатливи и го обвини дека регионот го третира „како да сме колонија“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com