Home » Поевтини тестенини и млечни производи од утре, најавуваат надлежните

Поевтини тестенини и млечни производи од утре, најавуваат надлежните

by Журнал.мк

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соошти дека од утре ќе се замрзнат цените на тестенините и млечните производи. Со одлуката ќе бидат опфатени макароните, шпагетите, белото сирење, млекото, урдата,…

Според Бектеши, тестенините ќе поевтинат за најмалку десет проценти, додека во однос на млечните производи ќе се причека производителите до утре да се подготват зашто, како што рече, некои веќе и самите ги намалуваат цените.

Министерот најави дека за овие одлуки тој и премиерот Димитар Ковачевски најверојатно утре ќе одржат брифинг со новинарите.

-Најверојатно утре изутрина ќе има одлука за тестенините и млечните производи, со премиерот веројатно ќе одржиме брифинг со новинарите. Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи, ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде анализите ќе покажат дека има поголеми профити или маржи од она што е редовно, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по владиниот настан за грантот од ЕУ вреден 80 милиони евра.

Тој дополни и дека е во постојана комуникација со производителите на млечни производи, но и со производителите на тестенини.

Претходно, Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk