25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Подновување за Tesla Model S и Tesla Model X

Најчитани вести

Од Tesla ги споделија првите информации и фотографии за освежените Model S и Model X кои се разликуваат многу од претходните унапредувања на компанијата…

Подновените Model S и Model X добиваат значително унапредување и совежување од страна на Tesla и за разлика од претходно, кога компанијата редовно и минимално ги менуваше своите автомобили, сега двата модели добиваат драстично променет ентериер, како и Plaid варијанти.

Така новата Plaid верзија на Tesla Model S се карактеризира со три електромотори со комбинирана моќност од 1.034 КС и цена од 120.000 долари, а се одликува со автономија на движење од 627 км со едно полнење, додека од 0 до 60 милји на час (0-96 км/ч забрзува за „1,99“ секунди, при што топ брзина изнесува 322 км/ч, ако автомобилот е опремен со „вистинските гуми“, вели Елон Маск.

Доколку ова не е доволно, Tesla ќе лансира и Plaid+ варијанта на Model S која со над 1.100 КС комбинирана моќност од трите електромотори и „ спринт од нула до 60 милји на час и четврт милја, побрзо од било кој друг автомобил во сериско производство“, со цена од 140.000 долари. Tesla истакнува дека забрзувањето од 0 до 60 милји на час е под две секунди, а четврт милја (400 метри) поминува за помалку од девет секунди, додека опсегот на движење е 837 км.

Tesla исто така ќе понуди и Plaid верзија на Model X со 1.034 КС која од од 0 до 60 милји на час забрзува за 2,5 секунди, а топ брзината ќе изнесува 262 км/ч. а има досег на движење од 547 км со едно полнење и цена од 119.990 долари.

Но, најголемата вест за освежените Model S и Model X е освежената внатрешност, со целосно нов ентериер со три нови екрани. Централната конзола сега има голем landscape 17-инчен инфозабавен екран, како додаток на 12,3-инчниот дигитален инструмент кластер поставен пред возачот. Трет, 8-инчен екран е додаден на задниот дел од централната конзола насочен кон патниците во задниот дел, овозможувајќи им контрола на клима-уредот и инфозабавниот систем.

Веројатно најголемо изненадување во подновените Model S и Model X е новиот управувач кој делува како да е од авион. Првично претставен кај концептот Roadster, управувачот делува како обичен трикран управувач со рамно дно, со тоа што горниот дел е исечен и го нема.  Такви волани имаат авионите бидејќи нема потреба од многу ротирања. Ова предизвикува прашања околу безбедноста во секојдневни ситуации, како што е градското возење и паркирање.

Tesla ги тргна и рачките зад управувачот, како и селекторот на брзини и тие контроли сега се поставени на самиот управувач во форма на копчиња чувствителни на допир, заедно со пар на „скрол“ копчиња.

Од Tesla истакнуваат дека двата нови централни екрани на унапредените Model S и Model X се карактеризираат со гејминг компјутер со „речиси 10 терафлопи“ на процесирачка моќ, што е речиси исто како и гејминг конзолите од најновата генерација, овозможувајќи на истите да се играат најновите игри, заедно со веќе достапните аркадни игри преку бежичен контролер.

Премиум аудио систем со 22 звучници со активен прекинувач на бучава, греење на седиштата напред и назад,  клима-уред со три зони на регулирање и со HEPA филтрација на воздух и ултравиолетова и инфрацрвена заштита на секоја стаклена површина, се само дел од карактеристиките кај новите Tesla Model S и Model X. Model S на што се надоврзува и нов целосно стаклен покрив.

Базичната верзија на освежената Tesla Model S е Long Range со двоен електромотор, кој нуди опсег на движење од 663 км и стартна цена од 79.990 долари, што е 10.000 долари повеќе од неосвежената верзија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести