Обновениот Polestar 2 од моделската 2024 година, покрај малку рафинираната надворешност, со себе носи и нови електрични мотори, како и префрлување на погон на тркалата на задната оска за верзии опремени со еден мотор, како и нов пакет на батерии…
Новиот батериски пакет овозможува до 635 km проценет опсег според стандардите на WLTP протоколот за верзијата со еден мотор според спецификацијата на ЕУ.
Визуелните промени се однесуваат на предната маска во боја на каросеријата, како и на новиот дизајн на алуминиумски тркала.
Во веста не се спомнуваат промени во внатрешноста, но се посочува дека сите пакети на опрема стандардно добиваат повеќе ADAS функции и безжично полнење на телефонот.
Polestar 2 од 2024 година има нови батерии од 82 kWh (со брзо полнење од 205 kW), при што опсегот мерен според WLTP протоколот е зголемен на 635 километри за моделот со еден мотор и 592 километри за верзијата со два мотори со истата батерија.
Европските купувачи ја добиваат и опцијата Polestar 2 со еден мотор со стандарден опсег со помала батерија од 69 kWh што овозможува домет до 518 километри WLTP.
Што се однесува до новите мотори, основните верзии сега имаат погон на задните тркала, со нов мотор од 220 kW/299 КС и вртежен момент од 490 Nm. Тоа претставува зголемување од 50 kW/68 КС и 160 Nm вртежен момент во споредба со појдовната верзија со погон на предните тркала.
Така, сега забрзувањето до 100 km/h трае 6,2 секунди, што е за 1,2 секунди побрзо од претходно.
Варијантите со погон на четири тркала и два електромотори имаат 310 kW/422 КС и 740 Nm вртежен момент, што овозможува забрзување до 100 km/h за 4,5 секунди.
Севкупно земено тоа претставува за 10 kW/13 КС и 80 Nm вртежен момент повеќе во однос на појдовната верзија.
Постои и опционален Performance Pack, кој ја зголемува комбинираната моќност на 350 kW/476 КС и го подобрува забрзувањето до 100 km/h за 4,2 секунди.
Performance Pack, исто така, додава Brembo сопирачки, уникатни 20-инчни алуминиумски тркала и комплет амортизери Ohlins со двоен вентил ( Ohlins Dual Flow Valve ).
Јоаким Ридхолм, шеф за развој на шасија во Polestar, вели дека фејслифтираниот Polestar 2 е „уште поразигран и агилен автомобил, кој ја задржува својата компактност и целосно чувство за контрола, а во исто време станува позрел со дополнителна удобност“.
2024 Polestar 2 ќе започне да се испорачува во третиот квартал на 2023 година. Цените во Европа започнуваат од 50.190 евра за стандардниот модел со погон на задните тркала, до 64.690 евра за врвната верзија со долг дострел AWD со Performance Pack .