17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Поднесено обвинение против скопјанец во чиј дом беше пронајдена марихуана

Најчитани вести

Скопје, 4 септември- Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Обвинетиот 30-годишен жител на Скопје на 7 август во домот во кој престојувал на улицата Киро Крстевски-Платник неовластено држел наркотична дрога марихуана во две полиетиленски кесички со вкупна нето-маса од 52,48 грама, зипер-кесичка со искршени и соголени гранчиња од растението канабис со вкупна нето-маса од 9,34 грама, 13 семки канабис, како и четири парчиња од искршена таблета со активна компонента бупренорфин. При претресот од страна на овластени службени лица била одземена и една дигитална вага со остатоци од марихуана“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судот достави и посебен предлог со кој побара на лицето да му биде продолжена претходно определената мерка притвор ценејќи дека и натаму постојат околности што укажуваат на реална опасност обвинетиот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело што му се става на товар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com