14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Поднесена кривична пријава против Теута Арифи

Најчитани вести

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на денешната прес-конференција објави дека општината поднела кривична пријава против поранешната градоначалничка Теута Арифи за еден предмет на експропријација. Тој ја обвини неговата претходничка дека поради овој предмет општинскиот буџет е оштетен за над еден милион евра.

-Вредноста на експропријацијата била три милиони денари, сега каматата за оваа сума е 65 милиони денари. Инаку, овој случај датира од 80-тите години, а повторно бил активиран во 2015 година, за кој сите судски одлуки се позитивни. Се сомневаме дека претходното раководство намерно не го обжалило решението, за кое денеска Општина Тетово плаќа камата и со тоа не само што се оштетува буџетот на општината, туку и на граѓаните. Ние како општина поднесовме кривична пријава против поранешната градоначалничка и нејзин близок функционер, против судија и адвокат, поради сомнение дека ги злоупотребиле службените овластувања и положби, со што е оштетен буџетот на Општина Тетово во износ од 68 милиони денари. За овој случај, од добивањето на мандатот само за камати плативме над 29 милиони денари или приближно половина милион евра. Вредноста на овој предмет, кој се однесува на имот чија експропријација била извршена многу порано, била околу 40 илјади евра, изјави Касами.

Тој тврди дека поранешното раководство не реагирало навреме.

-Не поднеле никаков приговор или договор со странката за да не го оштетат буџетот на Општина Тетово, со единствена цел, да ги искористат евентуалните пазарења што можеле да се направат со странката. Ние не сакаме да се претставуваме како жртва, ниту се обидуваме да шпекулираме за многуте пропусти и законски прекршувања направени во времето на претходните локални власти, туку само сакаме да ги откриеме фактите и аргументите. Се обидуваме да им објасниме на граѓаните каде завршиле нивните пари и зошто општината е во огромни долгови. Граѓаните имаат право да знаат зошто е блокирана сметката на Општина Тетово, а со тоа се кочи нормалното функционирање на локалната власт, истакна Касами.

Тој рече дека со сопственикот имале неколку средби кои завршиле неуспешно околу можно договарање за исплата на експропријацијата, без да бара исплата на камата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com