9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Поддршка за „Отворен Балкан“ и од Германија: Секоја регионална соработка е од корист

Најчитани вести

Откако минатата недела САД соопштија дека ги поддржуваат напорите на земјите од Западен Балкан за зајакнување на економската интеграција, сега поддршка за „Отворен Балкан“ стигнува и од германската влада
Премиерите на Македонија и Албанија, Еди Рама Зоран Заев, и српскиот претседател Александар Вучиќ ја туркаат напред регионалната иницијатива „Отворен Балкан“. Но, другите три земји од Западен Балкан – Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, се чини, не сакаат да се приклучат кон иницијативата. Но, и покрај скептицизмот, регионалната иницијатива доби поддршка од САД и Германија, пишува приштинскиот весник „Газета експрес“.

Во ексклузивната изјава за косовскиот медиум, портпаролот на германската федерална влада рече дека секоја регионална соработка е од корист. Тој вели дека соработката мора да биде инклузивна и отворена за сите шест земји во регионот.

„Секоја регионална соработка на Западен Балкан е од корист. Во исто време, важно е соработката да остане инклузивна и отворена за сите шест земји во регионот. Затоа силно го поддржуваме акциоскиот план за заеднички регионален пазар“,

велат од германската влада за „Газета експрес“.
Оттаму додаваат дека шефовите на влади на шесте земји од Западен Балкан ја потврдија својата посветеност кон овој историски проект на последниот самит на Берлинскиот процес на 5 јули.

„Итна задача сега е да се финализираат преговорите за договорите за личните карти, за мобилност за патување за државјани на трети земји и за признавање на академските и професионалните квалификации. Како што нагласи германската канцеларка Меркел за време на прес-конференцијата по самитот во Берлин на 5 јули, мора да се удвојат напорите за да се постигне овој важен чекор напред на самитот ЕУ-Западен Балкан на 6 октомври“,

рече портпаролот на германската влада.
Тој додаде дека посветеноста на Германија кон европските перспективи на земјите од Западен Балкан, врз основа на новата методологија за проширување, останува непроменета.

Исто така, минатата недела САД соопштија дека ги поддржуваат напорите на земјите од Западен Балкан за зајакнување на економската интеграција и ја повика косовската влада да се приклучи кон иницијативата „Отворен Балкан“ за зајакнување на економската и регионалната интеграција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com