37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Поддршка за инвеститорите полесно да дојдат до државна помош, нуди Делегацијата на германското стопанство

Најчитани вести

Делегацијата на германското стопанство им нуди поддршка на странските и домашните инвеститори за полесно да дојдат до државната помош преку правење анализи на македонските закони, но обезбедува и советување за приватно финансирање од регионални и меѓународни донатори.

-Со цел како на странските, така и на домашните компании инвеститори да им се овозможи полесен пристап до државната помош која ја нуди Владата за нови инвестиции, нашата канцеларија нуди анализа на македонските закони за државна помош. Покрај анализата која ја вршиме за секоја компанија засебно, проценувајќи ги можностите за државна помош во однос на инвестицијата која ја планира компанијата, нудиме и советување за приватно финансирање од регионални и меѓународни донатори, вели директорот на Делегацијата, Патрик Мартенс.

Мартенс воедно информира дека Делегацијата ја спроведе петтата обука на обучувачи за дуално образование со германски експерт. Со тоа, како што соопшти, досега се обучени и сертифицирани околу 50 компаниски обучувачи по германски стандарди.

-Покрај пандемијата со корона вирусот, дуалното образование во земјата и натаму успешно се имплементира. Притоа, од страна на компаниите се применуваат сите здравствени и безбедносни протоколи. Во наредните недели практичната обука на ученици треба да почне и кај нашите компании-партнери од Прилеп – „Витаминка“, „ВИК“ и „Гентерм“, наведува Мартенс во соопштението до медиумите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести