13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Подгответе се за радикален редизајн на Mozilla Firefox

Најчитани вести

Влеговме во новата година, а 2021. е година кога Firefox ќе го добие долгоочекуваниот редизајн.

Освежувањето на дизајнот го носи името Proton, а во текот на наредните месеци ќе можете да го пробате не само новот изглед, туку и подобрено корисничко искуство. Иако ќе биде потребно уште некое време додека Proton дизајнот да се воведе во стабилната верзија на Firefox што ја користат повеќето луѓе, може да очекувате дека Mozilla ќе дозволи прилично брзо sneak peak во Beta, Developer и Nightly верзиите

Претходниот нов дизајн за Firefox го носеше кодното име Photon, но ова беше одамна во верзијата 57 на прелистувачот. Претстојниот (и слично именуван) редизајн Proton треба да биде објавен кога Firefox 89 ќе пристигне кон средината на мај. Меѓу областите на прелистувачот кои добиваат ажуриран изглед се контекстното мени, Firefox менито, како и infobars и многу повеќе.

Табовите, исто така, претрпеа голем број клучни промени, вклучувајќи ги нови опции за групирање и новото вертикално усогласување кога прелистувачот работи во компактен режим. Како што споменавме претходно, во моментов нема начин да се тестира изгледот на Proton редизајнot, бидејќи сè уште е во внатрешен развој. Меѓутоа, ако користите Beta, Developer ili Nightly верзија на Firefox, има поставка што можете да ја промените за да се осигурате дека ќе добиете пристап до редизајнираниот интерфејс што е можно поскоро:

  1. Стартувајте го Firefox и отворете about:config
  2. Побарајте browser.proton.enable
  3. Конфигурирајте setting to true
  4. Рестартирајте го Firefox

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести