21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Подгответе се за вистинска зима: Претстои студен бран во земјава!

Најчитани вести

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето со умерен до засилен јужен ветер. Во четврток повторно ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови, а на планините на запад ќе врне снег.
Поради продор на многу студена воздушна маса од север, во четврток попладне ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во наредните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе има локални врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а и дневните ќе се задржат под нулата.

Прогноза за 11.02.2021
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови. На планините на запад врнежите ќе бидат од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили.

Прогноза за 12.02.2021
Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: -2°C до 6°C
Сончево со мала до умерена облачност, ветровито и студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 13.02.2021
Минимална температура: -12°C до -5°C
Максимална температура: -6°C до 1°C
Претежно облачно, студено и ветровито со умерен до засилен ветер од северен правец. Во западните и јужните делови ќе има врнежи од снег.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести