Home » Подготвени се да ни носат леб за 30 денари, Косовски пекари се вџашени од празните рафтови

Подготвени се да ни носат леб за 30 денари, Косовски пекари се вџашени од празните рафтови

by Журнал.мк

Порталот Лидери.мк стапил во контакт со неколку пекари во Урошевац, Косово, кои рекле дека можат да донесат леб во Скопје и по цена од 30 денари.

– Ние го правиме стандардниот леб од 500 грама. Ако направиме 450 грама како во Северна Македонија, можеме да ги донесеме за 27 или 28 денари, плаќајќи ја потребната царина и даноци – изјавиле дел од пекарите од Урошевац.

Тие биле изненадени од реакцијата на пекарите во Северна Македонија кои поради замрзнувањето на цената на 33 денари ги оставија рафтовите на пазарот празни.

– Овој револт нема економска логика, бидејќи цените на пченицата на меѓународните пазари се намалуваат, а се намалија и цената на нафтата и енергијата. Сигурно нашите колеги ја злоупотребуваат положбата на пазарот. Не знам како стојат законите кај вас, но ако се прави ваква злоупотреба на Косово, казните се многу строги – велат пекарите со кои контактирале во Урошевац.

Иако тие започнале првични консултации меѓу себе за да се организираат за да го „покријат вакуумот на пазарот во Северна Македонија“, во случај бојкотот да трае подолго, сепак, како што нагласуваат, треба да се направат некои регулаторни измени за да може да се донесе леб во Северна Македонија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk