1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Податоци во личните карти ќе се пишуваат на македонски и на јазиците на сите етнички заедници

Најчитани вести

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците расправаше за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање. Предлог-законот е проследен е на понатамошна расправа во Собранието, во прво читање.

Претседателот на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците Соња Мираковска за МИА изјави дека овој закон е предлог на Министерството за внатрешни работи.

– Измените кои се внесени во овој закон се однесуваат на можноста граѓаните кои не се Македонци, а се повеќе од 20 отсто, да може во личната карта податоците да бидат впишани по службена должност и на нивниот јазик. Исто така и лицата кои не се Македонци, а се помалку од 20 отсто, на нивно барање ќе може податоците да им бидат впишани и на јазикот кој го зборуваат, појасни Мираковска.

Таа изрази надеж дека на наредната седница на Собранието ќе биде ставен на дневен ред, на расправа пред пратениците.

На 28-та седница, членовите на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците го разгледаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, по скратена постапка – во второ читање. Поднесен е од пратеничката Љатифе Шиковска.

Мираковска потсети дека за неевидентираните лица имаше донесено посебен закон, а околу 700 лица се неевидентирани во државата во моментот кога е донесен законот.

– Рокот беше до 2021 година. Но, тој рок заради пандемијата не е доволен и она што го предлага колешката Шиковска е да се продолжи до јуни 2022 година. Некаде околу 400 лица во моментот остануваат неевидентирани. Па моето прашање и на повеќето од колегите беше дали тој рок од една година ќе биде доволен, имајќи грижа дека можеби на есен ќе има уште еден бран па ќе се соочиме со истата состојба – рече Мираковска.

Таа најави дека за ова ќе разговараат со колегите и можно е, како што рече, на самата седница на Собранието да предложиме комисиски рокот да биде продолжен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести