6.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Погледнете колку компензација ќе добијат жртвите на Харви Вајнстин: Тој се соочува со шест нови обвиненија за сексуално злоставување!

Најчитани вести

Судијата за стечај пресуди дека компанијата на Харви Вајнштајн треба да плати 17 милиони долари отштета на неговите жртви кои го обвинија за сексуално злоставување. Други 9,7 милиони ќе бидат потрошени за правни трошоци на жртвите, во кои не спаѓаат неговите лични.

Вајнштајн Компани Холдингс ДОО и 54 соработници претходно поднесоа банкрот во март 2018 година, а подоцна беа продадени на Лантер Капитал, приватна компанија од Далас, за 310 милиони долари. Од буџетот по продажбата на компанијата, 17 милиони долари ќе бидат поделени меѓу повеќе од 50 жртви на засрамениот филмски продуцент, така што секоја од нив ќе добие нешто повеќе од 500 000 американски долари.

Харви Вајнстин, поранешниот извршен директор на компанијата, беше осуден во март 2020 година на 23 години затвор под обвинение за секс и силување. Тој сè уште се соочува со дополнителни шест обвиненија за сексуално злоставување во Лос Анџелес.

По поднесувањето нови обвиненија во октомври, неговиот портпарол изјави: „Харви Вајнстин отсекогаш тврдел дека сите негови физички средби во текот на целиот живот биле консензуални. Тоа не се сменило“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com