0 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Погледнете како изгледа патувањето кога ќе ја платите најскапата карта на светот!

Најчитани вести

Како изгледа да летате кога ќе ја платите најскапата авионска карта на светот знаат само оние кои имаат исклучително “длабок џеб“, но и јутјуберот Кејси Неистат на кој авио компанијата “Etihad Airways” го почестила со еден таков лет.

Во видеото кое го поставил на својот јујтуб канал, Неистат на своите 11.6 милиони следбеници ги воведува во Etihad A380, екстремно скапа приватна соба во авионот.

Пред авионот да полета, јутјуберот добил слушалки против врева, пижами и шифра за wi-fi конекција.

Низ кратката обиколка на собата Неистат ја покажува дневната соба која е опремена со две масивни кожни седишта, сопствен тоалет и приватна спална соба.

Во луксузната авионска резиденција се наоѓаат фрижидер, телевизор, туш, фен за коса – повеќе работи отколку во хотелите со пет ѕвезди.

Како што вели Неистат станува збор за “хотел на небото“. Тој пред неколку години исто така летал и во прва класа со “Emirates Airlines” кога во видеото прикажал сметка од 21.000 долари.

Тоа видео набрзо станало вирално, собирајќи повеќе од 70.000 прегледи.

Не е познато колкава би била цената на летот со “Etihad”, но според Бизнис Инсајдер, повратна карта на релација Њујорк – Абу Даби во луксузен авион чини 31.000 долари за една личност или 41.000 долари за двајца.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести