23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Погледнете го трејлерот за „Suspicion“ со Ума Турман

Најчитани вести

Стриминг сервисот Apple TV+ го објави првиот трејлер за новата серија „Suspicion“. Станува збор за англиска адаптација н а израелска ТВ-драма, а главната улога ја толкува славната холивудска актерка Ума Турман.

Ја гледаме Ума во улогата на Кетрин Њуман, Американка чиј син е киднапиран од четири маскирани лица. Сомнежот паѓа на четворица Британци кои се наоѓаат во истиот хотел каде е киднапиран синот, и тоа во време кога е извршено злосторството. Станува збор за двајца мажи и две жени за кои не постојат докази дека се познаваат од претходно.

Тие мораат да ја докажат својата невиност пред британските и американските истражни органи, но и на јавноста, која веќе ги смета за киднапери. Работите дополнително се комплицираат кога обвинетите ќе станат параноични и почнуваат да се сомневаат една во други.

Првите две епизоди од серијата ќе бидат достапни на Apple TV+ од 4 февруари, по што секој петок премиерно ќе бидат прикажани останатите епизоди.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com