18.8 C
Skopje
Saturday, April 1, 2023

Погледнете го преклопниот Motorola Razr во три нови видеа

Најчитани вести

Motorola го претстави својот преклопен Motorola Razr паметен телефон опремен со флексибилен OLED екран. Уредот е своевиден омаж на Motorola Razr V3 телефонот на преклоп од 2004. година, а тимот кој го развиваше сними видео за тоа како овој уред стана реалност.

Glenn Schultz, потпретседател на Motorola за иновации и развој на производи истакна дека тимот морал да го редифинира начинот на кој се дизајнираат флексибилните уреди. Целиот процес траел 4 години и матичната компанија Lenovo имала свој поглед на дизајнот, како на панелот, така и на шарката.

За да го направат новиот Razr, тимот за развој поминал низ дури 26 различни прототипи, пред да се одлучи за сегашниот преклопен дизајн. Голем фокус му е посветен на изгледот на телефонот, па затоа доаѓа спакуван во 3D Corning Gorilla Glass и брусен нерѓосувачки челик. За да се осигура дека отворањето и затворањето нема да бидат проблем за крајните корисници, Motorola направи машина која ја тестираше постапката повеќе пати, пред да бидат сигурни дека телефонот е конечно подготвен.

Дизајнот на шарките е сосема нов и значително се разликува од она што го видовме кај Samsung Galaxy Fold и Huawei Mate X.

Сè уште се очекува официјалниот датум на продажба, како и повеќе информации за цените надвор од американскиот пазар. Дотогаш, можете да проверите неколку кратки видео клипови, кои Motorola ги постави на својот YouTube канал.

извор: USB.mk

Најнови вести