Пејачот Џастин Бибер и моделот Хејли Болдвин минатиот понеделник направија свадба, со што ја официјализираа нивната врска.
Двојката вчера ги сподели првите фотографии од свадбената фото-сесија.
„Минатиот понеделник беше најпосебниот ден во мојот живот“ напиша моделот, споделувајќи нивна заедничка фотографија.

За овој за нив специјален ден, Хејли се одлучи за романтична венчаница од тантела, која ја потпишува Вирџил Абло, кој работи за брендот „Off-White“.
Венчаницата, која ја следи линијата на нејзиното тело, во горниот дел е корсет и е украсена со 3Д апликации. Рамениците се голи, со што се нагласува женственоста и мала доза сексапил, додека ракавите се долги и исто така од тантела.
Оделото на Бибер пак е со потпис од модната куќа „Селин“.
