14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Погба би можел да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед

Најчитани вести

Пол Погба сезонава игра како препороден и речиси на секој натпревар учествува во сите голови на Манчестер јунајтед. 

По подолго време Французинот е среќен на теренот во дресот на „црвените ѓаволи“, а тоа најмногу се должи на довербата од менаџерот Оле Гунар Солшер, но и поради фактот што клубот околу него изгради супер состав.

Летово на Јунајтед му се приклучија Рафаел Варан, Џејдон Санчо и Кристијано Роналдо. Погба сега, покрај Бруно Фернандеш, има соиграчи од светска класа со кој може да ги покаже своите неспорни квалитети.

Актуелниот договор на Погба истекува следното лето, но фудбалерот наскоро би можел да го продолжи престојот на „Олд Трафорд“, пишува „Атлетик“. Французинот и неговиот агент Мино Рајола се очекува да почнат преговори со челниците на Манчестер јунајтед за новиот договор. 

ПСЖ и Реал Мадрид од поодамна се заинтересирани за услугите на Погба, па сигурно ќе отворат преговори со него доколку Јунајтед не реагира набрзо и го „врзе“ фудбалерот на уште неколку сезони. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com