Продавниците во северниот дел на Косово, кои беа затворени два дена од денеска повторно работат. Продавниците беа затворени во знак на протест поради таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.
Претставниците на Здружението на бизнисмени во северно Косово се согласија синоќа дека продавниците, аптеките и угостителските објекти, кои беа затворени во претходните два дена, денеска повторно да почнат да работат.