Home » Повторно пукање во Скопје: Двајца специјалци завршија на Ургентен

Повторно пукање во Скопје: Двајца специјалци завршија на Ургентен

by Журнал.мк

Две лица со тешки телесни повреди завршија во Ургентниот центар.

Имено, тие биле пресретнати од пет до седум напаѓачи некаде околу 01.00 часот по полноќ на 12.03 на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општина Бутел, каде ги претепале.

Според информациите, се работи за две лица припадници на МВР, односно Специјалната единица.

Во нападот се користело и огнено оружје, но нема повредени од престрелката.

Напаѓачите потоа избегале со возило марка „Цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, додека возило со другата група напаѓачи била запрена од полицијата и задржана на лице место.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk