10.2 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Повторно протести во Каталонија, блокиран автопатот

Најчитани вести

Демонстрантите во Каталонија го блокираа автопатот што го поврзува шпанскиот регион со Франција, поради што е запрен сообраќајот во двата правци.

Тие го сторија тоа на покана на групата Демократски цунами, која ги организираше минатомесечните масовни протести кај аеродромот во Барселона, јавуваат агенциите.

Групата во соопштението наведува дека протестите се покана до меѓународната заедница да ја принуди шпанската држава да сфати дека единствениот начин е да се седне и да се разговара.

Најновите протести се одржани еден ден по изборите во Шпанија, забележува АП.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com