10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Повторно над 4.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција

Најчитани вести

По пауза од една седмица, во Грција повторно се регистрирани над 4.000 нови случаи на Ковид-19, односно 4.206, а зголемен е бројот и на пациенти приклучени на апарати, но и на направени тестови, согласно денешните податоци од Националната организација за јавно здравје.

Од новите случаи 28 се увезени, 969 се во Атика, поширокиот регион на Атина, 470 на Крит, 323 во Солун, додека пак починаа 16 лица, а 258 пациенти, осум повеќе од вчера се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници.

Паралелно, според денешните податоци, голем е бројот и на направени тестови, вкупно 106.139, од кои 86.235 се рапид, а останатите ПЦР.

Над 4.000 новозаразени имаше и минатиот вторник, а како што тогаш анализираше МИА, од почетокот на пандемијата во Грција, само три пати претходно беа регистрирани над 4.000 новоаразени и тоа за време на вториот бран и додека земјата беше во целосен карантин.

Рекорден број нови случаи, вкупно 4.340 имаше на 30 март, една седмица подоцна беа регистрирани 4.309 случаи, а на 13 април годинава беа соопштени над 4.033 новозаразени.

Од почетокот на пандемијата во Грција се регистрирани вкупно 543.749 случаи на Ковид-19, а починаа 13.220 лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com