22.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Повторно над 1.200 новозаболени од Ковид-19, починаа 15 пациенти

Најчитани вести

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.761 тестирања, а регистрирани се 1.216 нови случаи на Ковид-19 во:

Скопје – 624, Прилеп – 80, Битола – 50, Велес – 46, Куманово – 43, Тетово – 40, Кавадарци -36, Кочани – 32, Охрид – 30, Неготино – 23, Струмица – 22, Штип – 21, Гевгелија – 20, Валандово – 16, Гостивар и Берово – по 14, Демир Капија – 13, Ресен – 12, Пробиштип и Крушево – по 9, Свети Николе – 8, Струга, Радовиш и Делчево – по 7, Виница – 5, Кичево, Крива Паланка, Богданци и Пехчево – по 4, Кратово и Демир Хисар – по 3, Дебар и Македонски Брод – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 111 оздравени пациенти од:
Кавадарци – 55, Неготино – 39, Скопје – 8, Демир Капија – 5, Кочани – 2, Тетово и Виница – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица, на возраст од 53– 94 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, по две починати лица од Прилеп, Тетово и Кочани, и по 1 починато лице од Куманово, Битола и Крушево. 14 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Направени се 3.761 тестови преку: ИЈЗ-732, ЦЈЗ Скопје-136, Авицена-345, Биотек-407, Жан Митрев (Филип Втори)-152, Систина -303, лабораторија Лаор–202, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-8, Синлаб-78, Ремедика-39, лабораторија болница Козле-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.246, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ „8-ми Септември“-0.

Досега во земјата се направени вкупно 578.923 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести