-2 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

Повторно бизарен проблем со познатиот производител на смартфони

Најчитани вести

По проблематичниот модел од минатата година, сега корисниците имаат „проблеми“ и со најновиот модел.

Корисниците на OnePlus 7 и OnePlus 7 Pro примале бизарни спам пораки во текот на изминатите неколку дена, а тоа некои го документирале на социјалните мрежи. На корисниците изминативе неколку дена им биле испраќани по најмалку две пораки.

Пораките содржеле линкови и букви на кинески и некој друг јазик, а кликот на линкот започнувал процес на отворање на интернет прелистувач кој не водел никаде.

Со оглед на тоа што OnePlus има историја со слични бизарни проблеми, каков што беше кога на голем дел од моделите, екраните биле поставени обратно, корисниците овој пат останале збунети и се обидувале да дознаат зошто ги добиваат „мистериозните“ пораки.

После неколку дена реагираа и од OnePlus, од каде што велат дека станува збор за грешка на тимот задолжен за софтверот, кој по грешка испратил “push” пораки на OnePlus 7 и OnePlus 7 Pro телефоните за време на интерниот тест на OxygenOS софтверот.Извор: Mondo.rs

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести