24.8 C
Skopje
Wednesday, July 28, 2021

Повторно антивладини протести во Ереван

Најчитани вести

Неколку илјади луѓе синоќа протестираа во главниот град на Ерменија, Ереван, барајќи оставка од премиерот Никол Пашињан.

Демонстрантите блокираа неколку главни улици во Ереван, а протести се најавени и за денеска.

Протестите во Ерменија почнаа во ноември минатата година кога Пашињан потпиша мировен договор со посредство на Русија, според кој поголем дел од Нагорно-Карабах му припадна на Азербејџан. Со потпишувањето на договорот заврши 44-дневниот судир помеѓу Ерменија и Азербејџан при што загинаа илјадници луѓе.

Пашињан одби да поднесе оставка истакнувајќи оти мировниот договор е „болен, но неопходен чекор со кој е спречен Азербејџан да го заземе целиот регион Нагорно-Карабах“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести