10.3 C
Skopje
Saturday, January 23, 2021

Повредено дете во судар на автобусот на Колинда со автомобил

Најчитани вести

Автобусот на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ вчера доцна попладне учествувал во мала сообраќајна несреќа на патот Мали Буковец во Загорје, објави РТЛ.

Во 18:50 часот возачот на автобусот, во кој била претседателката, закачи автомобил кој бил на патот, а потоа продолжи кон Лобор каде што претседателката имала митинг.

Во несреќата се полесно повредени едно дете. Полицијата извршиистрага. Објаснија дека заштитената колона никогаш не запира ако станува збор за мала сообраќајна несреќа, туку застанува на првата можна локација за да се изврши истрагата.

Полициска патрола на местото на настанот, заедно со повредената страна, чекале екипата за истрага најпрво најровин да ја направи на таа локација и потоа во Лобор каде се наоѓал автобусот што го користи претседателката во предизборната кампања.

Хрватските медиуми пишуваат и дека воланот на автобусот на Колинда , што го користи во кампањата е на десната страна, што не е со закон забрането во Хрватска, туку е крајно необично, особено во контекст на вчерашната сообраќајна несреќа.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести