Повредени пет лица во сообраќајка на патот Кичево-Македонски Брод

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Кичево, 4 септмеври- Пет лица се повредени во сообраќајката што се случила синоќа на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод помеѓу патничко моторно возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.С.(62) од кичевското село Манастирско Доленци и патничко моторно возило „Фолксваген Туарег“ со италијански национални ознаки, управувано од Ф.Џ.(26) од прилепското село Прегово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.С., а со телесни повреди се здобиле Ф.Џ. и три сопатнички од неговото возило, Ф.С.(30), А.М.(21) и Ф.Џ.(57). Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.

T.E.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.