Home » Повредени од несреќата со српски автобус во Бугарија ќе бидат префрлени до границата со Србија, возачот останува во притвор

Повредени од несреќата со српски автобус во Бугарија ќе бидат префрлени до границата со Србија, возачот останува во притвор

by Журнал.мк

Повредени од несреќата со српски автобус во Бугарија на автопатот Тракија, денеска со две екипи на Центарот за итна медицинска помош од Стара Загора ќе бидат пренесени до граничниот премин Калотина. Тоа го соопшти бугарското Министерство за здравство.

Пациентите кои ќе бидат транспортирани се во подобрена општа состојба. Организирано е тие да бидат преземени од српски медицински тимови по преминувањето на границата.

Во болницата во Стара Загорје останува еден возрасен, а се очекува за неколку дена да биде префрлен во Србија.

Во притвор останува возачот на автобусот што излета од патот.

Против него е поднесена кривична пријава за прекршување на правилата на патниот сообраќај и ненамерно предизвикување сообраќајна незгода додека возел автобус на 14 август на автопатот Тракија во околината на Стара Загора. Со ова возачот нанел телесна повреда на 12 деца на возраст од шест до 16 години и на 40-годишен маж, како и тешка телесна повреда на 42-годишен маж, соопштија од судот во Стара Загора.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk