9 C
Skopje
Tuesday, April 20, 2021

Повреда на Тошевски, два месеци надвор од терените

Најчитани вести

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Давид Тошевски ќе мора да паузира два месеци поради повреда на задни вкрстени лигаменти.

Тошевски кој неодамна од Ростов се договори за позајмица во Тамбов, ќе почека на првите минути во новиот клуб откако заработи незгодна повреда поради која го чека подолга пауза.

„За жал на Давид Тошевски нема да може да сметаме на турнирот во Анталија поради повреда на лигаментите, па го очекува пауза од два месеци. Се слушнавме со Тошевски, среќа лигаментите не се скинати, па му посакуваме брзо опоравување“ – истакна селекторот на младата репрезентација, Благоја Милевски на денешниот брифинг со медиумите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести