-1.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Повик до основните и средните училишта за учество на Европскиот квиз на пари

Најчитани вести

Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност објавува повик до основните и средните училишта во земјава за учество во меѓународниот натпревар „Европски квиз на парите“.

Квизот е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години, а се одвива во две фази: првата се националните натпревари во секоја земја, а втората фаза е европското финале во кое учествуваат победниците на националните натпревари.

-Се повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија/класови за учество на националниот натпревар во Република Северна Македонија, најдоцна до 17 февруари 2023 година, на веб страницата на Македонската банкарска асоцијација: www.mba.mk или на електронската адреса info@mba.mk. Притоа, треба да се има предвид дека учениците се натпреваруваат во тимови по двајца, секое основно или средно училиште може да пријави повеќе одделенија/класови и секој клас може да пријави повеќе тимови, како и дека учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години, со датум на раѓање најдоцна до 15.5.2007 година. Заедно со податоците за одделенијата/класовите, треба да се достават податоци за наставниците/професорите под чие менторство ќе се одвива подготовката, наведува Македонската банкарска асоцијација.

Во Северна Македонија националниот натпревар ќе се одржи за време на Глобалната недела на парите, од 20 до 26 март 2023 година, на македонски и на албански јазик, во два круга. Првиот ќе биде онлајн натпревар за селекција на најдобрите три тима, а вториот предвидува најдобрите три тима со физичко присуство да се натпреваруваат за титулата национален шампион.

-Тимот од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на европското финале коешто ќе се одржи на 16 мај 2023 година во Брисел, Кралството Белгија. Секој тим се натпреварува на својот мајчин јазик. Европската банкарска федерација ќе им додели парична награда на училиштата коишто ќе освојат прво, второ и трето место. Натпреварите ќе се одвиваат преку посебна електронска апликација за оваа намена „Кахут“ (Kahoot!), што е едукативна платформа на база на игра, информира Македонската банкарска асоцијација.

Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за подготовка за националниот натпревар и европското финале и повеќе информации за Европскиот квиз на парите се достапни на www.mba.mk и www.ebf.eu.

Повикот е поддржан од Министерството за образование и наука и Министерството за финансии.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести