Home » Повеќе родени, а помалку умрени, но природниот прираст и натаму негативен

Повеќе родени, а помалку умрени, но природниот прираст и натаму негативен

by Журнал.мк

Во четвртото тримесечје лани, во земјава се евидентирани 5.015 живородени деца, што е зглемување од 12,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2021 година е 7.186, од кои 34 се умрени новороденчиња и бележи намалување од 23,9 % во споредба со истото тримесечје од 2020.

Природниот прираст е -2.171, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 3,5 отсто во однос на истиот период во 2020 година, односно склучени се 2.707 бракови.

За ова тримесечје се добиени 499 извештаи за разведените бракови, што претставува намалување за 5,3 проценти во споредба со истото тримесечје во 2020 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk