4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Повеќе од 20 пријави за прекршувања на изборниот законик

Најчитани вести

На само три дена откако почна изборната кампања за престојните локални избори до Антикорупциската комисија пристигнале 21 пријава за евентуални злоупотреби на Изборниот законик и прекршување на изборните правила. Девет од пријавите се за општини. Шест пријави се за незаконско постапување на одговорни лица во училиштата и пет пријави за можни злоупотреби во државни институции. Една од пријавите е и за предвремениот старт на изборната кампања, пред официјалниот почеток.

„Се работи за дојава на активности за зпочнување на изборната кампања, макар што сите сме свесни дека овој изборен процес почна многу порано од законски предвидениот рок. Една пријава е отфрлена оти нема повреди на членот 8А како што беше наведено, а другата е дека ДКСК нема надлежност да постапува бидејќи станува збор за мобинг. За другите пријави се доставени барања до надлежните институции“, рече Катица Николовска, Член на ДКСК.

Претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска потсети уште еднаш на изборните правила, кои сите треба да ги почитуваат. Не смее да има вонредна исплата на плати, пензии и социјална помош, вработувања и отпуштања во администрацијата. Дополнително не смее да има заплашувања на вработени во јавната служба а Ивановска посочи дека во 20 – те дена изборна кампања па се до завршување на изборите не смее да ги има следниве настани на кои политичарите имаат желба да присуствуваат.

„Не може да се одржуваат јавни настани по повод започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од буџетот или од јавни фондови или претпријатија што располагаат со државен капитал и тоа како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности како училишта и градинки“, изјави Билјана Ивановска, Претседателка на ДКСК.

Антикорупциска најави дека 16 набљудувачи ќе ги следат активностите на сите учесници во изборниот процес во 46 општини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com