6 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

Повеќе од половина милион Италијанци во домашна изолација

Најчитани вести

Повеќе од 14 илјади новозаразени со коронавирус и 616 починати – е билансот oд епидемиолошката состојба во Италија во последните 24 часа, пренесува агенцијата „Анса“.

Поради инфекцијата со коронавирус, повеќе од половина милион Италијанци се наоѓаат во домашна изолација, а хоспитализирани се 23.000 заболени, плус 2.636 лица на одделите за интензивна нега.

„Бројот на ковид-пациенти во болниците е речиси еднаков на бројот што го имавме во март, сега сме подобро организирани, па сепак во вториот бран на пандемијата, Италија бележи нови 43.000 жртви“, предупредува професорот Масимо Гали, примариус на одделот за инфективни болести во Милано.

Професорот Гали, заедно со други експерти, бара од властите да ги заострат мерките против коронавирус, но според италијанскиот печат, претседателите на одредени региони се спротивставуваат на засилување на епидемиолошките мерки во нивните региони.

Денеска министерот за здравство, Роберето Сперанца, во парламентот ќе претстави пакет нови мерки против ковид, кои треба да стапат во сила ноќта од петок до четврток, кога истекува одлуката на владата, која сега е на сила.

Членовите на научно-техничкиот комитет, владино тело што следи, анализира и врз основа на податоците предлага епидемиолошки мерки, советуваат вонредната состојба да се продолжи до 31 јули, сегашната истекува на крајот на јануари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести