15.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Повеќе институции не доставуваат извештаи до антикорупциска за пријави од укажувачите

Најчитани вести

Иако повеќе од инситуциите во државава имаат воспоствен систем за заштитено внатрешно пријаување на злоупотреби тие не ја исполнуваат обврската да достават извештај до Антикорупцискта комисија поради тоа што не добиле пријави од т.н. „свиркачи“, рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска во своето обраќање на регионална конференција организирана по повод Светскиот ден на укажувачите.

Ивановска вели дека сепак, според последните извештаи граѓаните се охрабруваат да ја користат ова можност и да пријавуваат сомневања за неправилности во работењето на институциите. Во последните три години до Антиорупциска биле поднесени 34 пријави од укажувачи, од кои биле оформени 26 предмети.

– Од сите пријави 26 предмети се отфрлени поради тоа што нема елементи за постапување на комисијата. Во еден предмет е потврдена основаност за наводите во доставената пријава и беше доставена иницијатива до Владата за утврдување на одговорност на пријавеното лице и иницијатива за кривично гонење до основното јавно обвинителство.-Билјана Ивановска – Претседателка на ДКСК.

Укажувачите, кои пријавуваат информациии и дејствуваат во интерес на јавноста имаат активно учество во борбата против криминалот и корупцијата и тие заслужуваат заштита и поддршка, рече министерот за правда Никола Тупанчевски.

Тој вели дека Законот за заштита на укажувачите кој беше донесен во 2015-та година ги оправдал своите цели, неопходно е во иднина да се зајакне инситуционалната и јавната свест по однос на ова прашање.

Тупанчевкси во својот говор ги спомена случаите на Едвард Сноуден, Џулијан Асанж и Бредли Менинг нагласувајќи дека она што ги обединува тројцата е тоа што одлучиле херојски да откријат тешки злоупотреби на човековите права и да ја жртвуваат својата слобода на сметка на вистината.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com