7 C
Skopje
Saturday, March 6, 2021

Повеќе земјотреси ја погодија Албанија, најмалку пет мртви и над 150 повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Најчитани вести

Силниот земјотрес со јачина од 6,4 по Рихтер кој утринава ја погоди Албанија оштети куќи, а жителите на Тирана избегаа на улиците, некои со бебиња во раце. Како што јавува албански Фактор, најмалку пет лица загинале. Според податоците на светските медиуми има најмалку 150 повредени.

Епицентарот на земјотресот бил меѓу пристаништето Драч и престолнината Тирана на длабочина од 10 километри. По тој земјотрес уште неколку силни потреси ја погодија Албанија. Последниот во 7:10 со јачина од 5,4 по Рихтер. Епицентарот бил во Јадранското Море на 27 километри од Драчснимките објавени на социјалните мрежи покажуваат урнати куќи во Драч, пристанишниот град на 40 километри од Тирана на Јадранскиот брег.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести