7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Повеќе загинати при принудно слетување на туристички хеликоптер со 16 патници на Камчатка

Најчитани вести

Повеќе лица загинаа при тешко слетување на хеликоптер на Далечниот Исток на Русија, во Камчатка, јави Тасс, повикувајќи се на извор од итни спасувачки служби, пренесе ДПА.

-Според прелиминарните податоци, при тешкото слетување на хеликоптерот, осум лица загинаа, а останатите осум се спасени. Хеликоптерот потона, соопшти Тасс рано утринава, повикувајќи се на изворот.

Руската агенција подоцна ја цитираше Марина Волкова, заменик-министер за здравство на Камчатка, дека девет лица преживеале. Се верува дека во хеликоптерот Ми-8 имало 13 туристи и тројца членови на екипажот.

-Се истражуваат информациите за останатите туристи и членови на екипажот, кажа Волкова.

Тасс пренесе дека во 50 минути по полноќ по московско време (21.50 часот по средноевропско време) добила информации за „тешко слетување на хеликоптер „Ми-8″ на компанијата „Витајаз-Аеро” во област на Курилското Езеро, во резерватот Кронотски”.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com